понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 107
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Советот на Општина Штип е едно од местата каде власта демонстрира моќ и недопирливост

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Советот на Општина Штип е едно од местата каде власта демонстрира моќ и недопирливост

„Мнозинството на власта во овој состав на Советот на Општина Штип, влече корени за неделовничко и криминално работење уште при неговотот конституирање. СДС во Советот незаконски ги конституираше комисиите и тоа беше почеток на се‘ она што следува во периодот до сега.

Советот на Општина Штип, е едно од местата каде власта демонстрира моќ и недопирливост. Оваа недела не само што се случуваат невидени преседани, туку веќе апсолутно не се почитува Деловникот за работа на Советот на општината.

Чашата ја прели тоа што за седници не‘ известуваат и повикуваат ад хок, нешто кое се практикува единствено во услови на вонредна состојба. Периодов власта сака да не‘ направи соучесници во седници за кои дознаваме во 5 до 12, со дневен ред кој е од круцијално значење за напредокот на градот.

Меѓутоа, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ извесен период нотира и непрофесионалност при изготвување на записниците од претходните седници, на кои не само што не се евидентирани клучни дискусии, туку во еден од последните записници недостига делот каде поранешниот претседател Јане Миланов се повлекува од функцијата.

Совтот работи он лајн, меѓутоа не нуди услови за остварување на правата на советниците за тајно гласање – начин кој советниците можеа да го искористат при гласањето за нов претседател.

Во целост, имаме каубојско практикување на власта, шверцерско изготвување на документи, непрофесионално управување со системот, за на крај да сведочиме на незаконски изграден систем во кој исклучокот станува правило!“

На прес конференцијата се обрати советникот Љубе Здравков.

Коронавирус