понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 18
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: СДСМ со кривични пријави кон луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се заканува пред избори

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: СДСМ со кривични пријави кон луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се заканува пред избори

Избори се ближат! И почнува веќе видено сценарио со кривични пријави кон луѓе на ВМРО-ДПМНЕ.

Од кого? Од тие што се дел од рекети, од криминали, од најголемите манипулатори што некогаш постоеле на македонско тло?
Тактика на СДСМ добро позната, но веќе прочитана.

Господа од СДСМ, лагите и манипулациите со кои дојдовте на власт во 2016-та веќе не поминуваат кај народот. Добро разработената шема со договарање на кривични пријави со послушници на Заев меѓу четири ѕида одамна е веќе
разоткриена.

Поднесувате кривична пријава за предмет за кој има пресуда од три судови во Р.Македонија во корист на ЛС Прилеп. Основниот суд – Прилеп во врска со овој предмет пресудил во корист на општината. Во корист на општината има пресуди и од Апелациониот суд и Врховниот суд.

И сега, вистинските криминалци мислат оти со лаги, оцрнување на личности кои оставиле белег со своите дела, со оцрнување на луѓе кои работеле и работат за Македонија ќе останат на власт?

Треба да се засрамите и да замолчите.

Ваквите кривични пријави се очекувани во наредниве месеци. Не ви се плашиме и ќе издржиме, затоа што правдата е на наша страна и ќе излезе на виделина еден ден.

Токму вие челниците на СДСМ, Миле Талевски и Илија Јовановски ќе одговарате за уништувањето на Прилеп, ќе одговарате затоа што го вративте градот 20 години назад.

Ќе дојде ден кога ќе се преиспита законитоста на набавката на автобуси од милион евра, ќе се преиспита постапката за мовчето кое чини колку мост на Босфор, ќе се преиспита секоја ваша активност направена во изминативе четири години.
Ќе има одговорност за секој сторен криминал, кој е документиран со соодветни докази.

Правдата стигнува па макар и бил некој во пензионерски денови. Криењето на вашите политички нарачки зад заробените институции по победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе биде минато, а сите вие ќе бидете таму каде што единствено заслужувате.

И ви порачуваме: граѓаните на Прилеп ќе го направат вистинскиот избор на следните локални избори. Ќе ве казнат.
Ветуваме – Прилеп со ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се развива и ќе биде гордост за сите нас.

Соопштение на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на ден 27.01.2021

Избори се ближат!
И почнува веќе видено сценарио со кривични…

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Wednesday, January 27, 2021

 

Коронавирус