четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 117
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Граѓаните се излажани, ако општината продолжи вака да работи ќе и треба 100 години за да ги исполни сите ветени проекти

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Граѓаните се излажани, ако општината продолжи вака да работи ќе и треба 100 години за да ги исполни сите ветени проекти

На денешната 18-та седница на Советот на општината Прилеп советниците од СДСМ си ја изгласаа својата неажурност, неспособност и своето неработење, ова денеска го изјави Петар Ристески координатор на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-Имено точка на дневен ред беше кварталниот извештај за работата на локалната самоуправа и ни беше доставен податок за процентот на реализација на капиталните инвестиции во Прилеп во овие шест месеци, тоа изнесува катастрофални 11, 62 проценти. Тоа не покажува со општината со која раководи градоначалникот Јовановски апсолутно ништо не работи и многу е далеку од остварување на сите проекти ветени за време на изборите, а со еден збор сето тоа било лага. Во шест месеци да оствариш проекти на капитални инвестиции од само 11 проценти е несфатливо и укажува на неработење и незнаење, потенцира Ристески.

Тој додава дека граѓаните на Прилеп се буквално излажани и ако вака продолжи работењето на општината на нив ќе им требаат 100 години за да го реализираат сето она што го ветиле.

Коронавирус