четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 114
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Ветувањата на СДСМ и Констатин Георгиески останаа само празно слово напишано на хартија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Ветувањата на СДСМ и Констатин Георгиески останаа само празно слово напишано на хартија

Граѓаните сакаат промени, граѓаните сакаат дела, а не зборови. Ние сме тие коишто секогаш мислиме за доброто на граѓаните како во градот така и во руралните средини, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-За убав град и за потребите на жителите во овој дел на Охрид нашата цел ќе биде изградба на повеќенаменско спортско игралиште како и детски игралишта на повеќе локации во неколкуте Урбани заедници. Приоритена задача е да ги исчистиме и уредиме речните корита на реките Сушица и на Коселска река во Долно Лакочереј. За учениците современи услови со реконструкција и доуредување на ОУ „Кочо Рацин“. Поставување автобуски постојки за жителите да имаат услови да чекаат на точно одредените локации. Асфалтирање на улиците „Прилепска“, „28 Април“ и на сите споредни улици во Радојца Новичиќ. Реконструкција на тротоарите на улица „Радојца Новичиќ“ како и поставување улично осветлување. Замена на водоводната линија односно замена на азбесните цефки со нови пластични, водоводна мрежа и атмосферска канализација на улица „Будва“. Фекална канализација на улица „Железничка“, „Будва“ и „Александар Турунџиев“, додаваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид велат дека потребно е и асфалтирање на улици во село Горно Лакочереј и Долно Лакочереј. Овие дела се остварливи и нема да бидат како зборовите што беа зборови на СДСМ.

-Ветувањата на СДСМ и Констатин Георгиески останаа само празно слово напишано на хартија. Во програмата за убав град инфраструктурните, водоснабдителни и канализациони системски решенија се меѓу првите проекти затоа што се во интерес на граѓаните, како и за почиста и поздрава животна средина. Инвестирањето во патна инфраструктура, солидна инфраструктура е наша обврска, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.