сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Градоначалникот Стојаноски наместо да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, тој го промовира капитулантскиот договор на Заев

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Градоначалникот Стојаноски наместо да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, тој го промовира капитулантскиот договор на Заев

Злоупотребите за рекламирање европски вредности од страна на СДСМ и градоначалникот Стојаноски се видливи пред охриѓани, ова денеска го истакна Сашо Донев од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-Градоначалникот Стојаноски заедно со директорите на Јавните претпријатија се испратени во неуспешна мисија од својот ментор Зоран Заев да нудат лажна надеж. Наместо да бидат на своите работни места тие водат гола дневна политика под превезот на промоција на референдумската кампања, се обидуваат да го подобрат нивниот личен рејтинг кој е никаков и резултат на неработењето и неспособноста. Оваа кампања нема да Ви донесе повисок рејтинг и нема да ја скриете вашата неспособност, затоа фатете се за работа. Стојаноски без срам и перде им зборува на граѓаните за евроатланска интеграција иако е прочитан како буквар дека води штетни политики за Охрид. За каква европска иднина зборува Стојаноски кога во Охрид нема реализирано ниту еден капитален проект?, прашува Донев.

Тој додава дека со неспособноста и незнаењето да се реализираат проекти свесно се дозволи да се извршат околу 50 милиони денари пари на граѓаните на Охрид од сметката на општина Охрид.

-Оваа власт нема ништо европско и никакви европски вредности, напротив води политики кои не носат раст и напредок и не работат за интересите на граѓаните. Не е европска вредност вработување партиски војници наместо квалитени кадри и последно рангираната медицинска сестра да биде прва. Европски принципи се кога ќе има инфраструктурни проекти, а не низ целиот град дупки, раскопани и неасфалтирани улици. Не е европска вредност на секој чекор да се создаваат депонии и кучиња-скитници да шетаат низ целиот град. Европска вредност е модерен туризам, а не недостапни јавни тоалети и санитарни контејнери. Не е европска вредност забавувањето со реализација на изградбата на автопатот Кичево-Охрид и изградбата на базенот.

Укинивањето на летовите за Лондон и Полска од Охридскиот аеродром не се европски принципи, вели Донев.

-Општина Охрид досега има најниско реализиран буџет. За кратко време падна маската на Стојаноски дека ќе биде градоначалник на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ Ви порачува наместо промоција на капитулантскиот договор да се зафатите со работа и реализација на ветените проекти. За влез во ЕУ се потребни суштински реформи. Иднината на Охрид и Република Македонија се гради со многу работа и посветеност, додава Донев.

Коронавирус