четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Карбинци: Пред 2 години ветувавте живот и напредок, но донесовте непотизам, партизација и живот но, само за најблиските

ВМРО-ДПМНЕ ОК Карбинци: Пред 2 години ветувавте живот и напредок, но донесовте непотизам, партизација и живот но, само за најблиските

Две години локална власт на СДСМ во Карбинци, две години неработење, пустош и негрижа на градоначалникот Јордан Насев, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Карбинци.

-Општина Карбинци се наоѓа на дното во Република Македонија. Пред 2 години ветувавте живот и напредок но донесовте непотизам, партизација и живот но, само за најблиските. За 2 години имате катастрофална реализација на едвај 3,7% од вашата програма а немате ниту еден капитален проект. Ветивте нова училишна зграда во село Таринци, реконструкција на пристапна улица и изградба на мост на Козјачка река во населено место Карбинци. Ветувавте изградба на брана на Козјачка река. Ветивте почиста вода за пиење во Радање, Таринци и целиот плачковички регион. Но ништо од сето тоа, потенцираат од општинскиот комитет.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Карбинци додаваат дека го заборавивте Крупиште, Долни Балван, ветувавте велосипедски и пешачки патеки од Балван до Карбинци.

-За 2 години имате ставено дури 350 метри асфалт, со оваа динамика до крајот на мандатот ќе немате ниту  1 километар асфалт. За најмладите ветувавте изградба на спортски терени, игралишта во секое село, но сликата е многу трагична и постоечките не можете да ги одржувате. Земјоделците и сточарите се најголемите жртви на вашето владеење, во општина која има повеќе реки, земјоделието е на работ на егзистенција. Неспособноста да ги менаџирате природните ресурси за потребите на граѓаните не водат до пропаст. Но затоа овие 2 години блескате на неколку полиња: во приватните и фамилијарни бизниси, аферите и скандалите, непотизамот и партиските вработувања. И на крај господа од власта, НА ПРАВ ПАТ сте кон заминување во долга опозиција!, вели Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Карбинци.

Коронавирус