сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 40
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Гостивар: На вчерашниот собир на СДСМ повеќе имаше граѓани од другите градови отколку гостиварци

ВМРО-ДПМНЕ ОК Гостивар: На вчерашниот собир на СДСМ повеќе имаше граѓани од другите градови отколку гостиварци

На вчерашниот собир организиран од СДСМ во Гостивар, повеќе имаше граѓани од други градови отколку гостиварци.  Полни автобуси организирани од владејачката партија го посетија нашиот град за да аплаудираат на партискиот лидер, ова денеска го потенцираше Лоран Страшески од ВМРО-ДПМНЕ ОК Гостивар.

-Да аплаудираат на штетниот капитулатнски договор што Заев го потпиша и со кој прифати промена на име, идентитет, култура и традиција. Ако мислат онака како што зборуваат дека имаат поддршка од граѓаните, зошто тогаш носат луѓе од други градови? Одговорот е едноставен, Заев и СДСМ знаат дека немаат поддршка од граѓаните на Гостивар и граѓаните на Македонија за овој трагичен и штетен капитулантски договор. За штетниот договор што така лесно и без никаква грижа на совест го потпишаа со неговиот истомисленик Никола Димитров. Провидна и очигледна е тактиката на СДСМ. Зборуваат за ЕУ и НАТО за да го скријат штетниот, капитулантски, антидржавен договор со кој се брише името, историјата наша, нашето достоинство, нашиот идентитет, договорот со кој стануваме нова творба, нова држава, Република Северна Македонија. Понижувачки срамно е да се дозволи ова „харакири“, кое ни го наметнуваат Зоран Заев и неговите коалициони  партнери.  Господине Заев, во Европа оди силна, стабилна, некорумпирана држава, истакнува Страшески.

Тој додава дека Република Македонија со политичари како вас не може да оди во Европа. Со вашата работа и со работата на вашата влада, далеку сте од вредностите на кои треба да ги поседувате за да го одиме овој пат. Граѓаните знаат што е ЕУ и НАТО , знаат какви придобвки ќе има државата од ЕУ и НАТО. Затоа сите граѓани подржуваат и сакаат членство во Македонија во ЕУ и НАТО.

-Тоа се гледа во сите анкети во изминативе 20 години. Сите граѓани и политички партии подржуваат интеграција во ЕУ и НАТО. Граѓаните не ги подржуваат криминалите на оваа Влада, лагите и манипулациите, тендерите и матните зделки. Реалното судство, силното здравство, мотивираните земјоделци што смело ги нудевте во предизборната кампања не ги остваривте. После една и половина година владеење покажавте дека ништо од ветеното не исполнивте. Секојдневно ве следат гафови и скандали а вашите олигарси само си го зголемуваат контото со нови тендери, а за народот ништо. Гостивар тоне во сиромаштија. Младите секојдневно ја напуштаат државата барајќи светла иднина без корупција и силно понижување. Партиските послушници и непотизмот се на цена, така во Европа не се оди. Вие  не работите европски. Во вашата работа нема европски вредности и затоа немате поддршка од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ било и е за европска Македонија, Македонија во ЕУ и НАТО. За подобра и перспективна Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е против капитуланскиот договор со Грција. ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати договор со кој се менува име, идентитет, историја и традиција, вели Страшески од ВМРО-ДПМНЕ ОК Гостивар.