сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 124
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба: Градоначалникот на Гази Баба ослободува приватен инвеститор од комуналии во износ од 2 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба: Градоначалникот на Гази Баба ослободува приватен инвеститор од комуналии во износ од 2 милиони евра

Почитувани граѓани на Општина Гази Баба, СДСМ и градоначалникот Борче Георгиевски ја уништуваат Општина Гази Баба веќе четири години, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнува Ристо Донев од ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба.

-Секоја општина, преку реализацијата на урбанистичките планови има за цел собирање на комуналии и полнење на општинскиот буџет за потоа да се реализираат проекти за подобрување на животот на граѓаните, само за Борче Георгиевски и СДСМ тоа не е така. Имено, градоначалникот на Општина Гази Баба предлага одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште, помеѓу граѓаните познати како комуналии на инвеститорот кој гради на поранешниот скопски саем, во висина од над 2 милиони евра, вели Донев.

Тој додава дека додека граѓаните на Брњарци и Раштак немаат вода за пиење, а Црешево, Гоце Делчев, Трубарево, Идризово и останатите немаат фекална канализација, урбаните заедници немаат нови училишта, градинки, спортски игралишта градоначалникот Борче Георгиевски предлага ослободување од 2 милиони евра народни пари.

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Општина Гази Баба остро и со сите демократски средства ќе се спротистави на носењето на ваква одлука, која е на штета на граѓаните на Општина Гази Баба. Ги повикуваме останатите советници, од советничката група на СДСМ и коалицијата да се издигнат над партиските интереси и да застанат во одбрана на граѓаните на Општина Гази Баба. Ги повикуваме граѓаните на Општина Гази Баба со сериозно внимание да ги следат случувањата во Општина Гази Баба во наредните денови. Времето на СДСМ и Борче Георгиевски во Општина Гази Баба завршува. Нема да им дозволиме на крајот на нивниот мандат да донесат одлуки со кој ќе нанесат ненадомеслива штета врз буџетот на Општина Гази Баба, потенцира Донев.

Најнови вести

Локални избори 2021