четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 70
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: Зголемувањето на цената за водата за пиење и тарифата за собирање на отпадните води удира директно врз џебот на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: Зголемувањето на цената за водата за пиење и тарифата за собирање на отпадните води удира директно врз џебот на граѓаните

Измина една недела од седницата на Советот на Општина Битола, а не престануваат реакциите на граѓаните на одлуката на мнозинството на Советот за зголемување на цената на водата за пиење и тарифата за собирање на отпадните води и новиот ценовен шок по џебот на граѓаните, ова денеска го потенцираше Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.

-Криејќи се зад плаштот на Регулаторната комисија за енергетика, проектот за изградба на прочистителна станица и ЕУ директивите, на барање на локалната самоуправа и директорите на јавните претпријатија, на еден крајно политички невкусен и некоректен начин на последната седница на Совет беа донесени одлуки за поскапување на цените на услугите. Овие поскапувања директно ќе влијаат на услугите за животот и животниот стандард на граѓаните и развојот на стопанството во Битола. Одлуката за зголемување на цените на услугите предвидува прогресивно зголемување на услугите од 21% кумулативно за цената на водата и 25% зголемување за услугите на ЈП Нискоградба. Или до 2020 година едно просечно семејство во Битола на годишно ниво ќе плаќа околу 1.800 денари повеќе од она што го плаќа сега за истите услуги. За потсетување, само неколку седници претходно, заедно советниците изгласавме против зголемување на цените, а Петровска јавно, од говорница не убедуваше дека не само што зголемување нема да има, туку цените ќе се намалат. Во моментов во јавните претпријатија наместо нови инвестиции течат нови вработувања на блиски роднини и пријатели на локалната власт па непотизмот станува главна одлика и стил на работењето на мнозинството во локалната самоуправа, потенцира Коњановски.

Тој додава дека со оваа одлука тие како граѓани го финансираат непотизмот на локалната самоуправа во Битола. Лагата и лицемерието како во предизборието така и денес се одлика и начин на делување на оваа политичка гарнитура, метод на работа со цел да ја затскријат својата неспособност и незнаење.

Коронавирус