петок, 7. август 2020. Вести денес: 108
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: Шеќеринска молчи и за кривичната пријава за директорот на ЈП Стрежево

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: Шеќеринска молчи и за кривичната пријава за директорот на ЈП Стрежево

-Почитувани, СДСМ се плаши да се соочи со вистината и со граѓаните на Битола. Заради тоа во паника и во последен момент го откажаа вчерашниот митинг, најавен уште од стартот на кампањата. Но тоа не е и најважно. Најважното е тоа што граѓаните бараат одговори од носителот Радмила Шеќеринска, а прашањата секојдневно се зголемуваат. Дали Шеќеринска и СДСМ ќе молчат до крајот на кампањата за сериозните најразлични обвинувања, од непотизам до криминал?, истакнуваа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.

-Госпоѓо Шеќеринска дали е точно дека за заменикот на регионалниот штаб на СДСМ и актуелен директор на ЈП Стрежево Менде Граматковски, е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство и СВР Битола за незаконска набавка на Локатор за подземна инсталација?При тоа, наместо по вообичаената пазарна цена од 750 илјади денари, Локаторот е платен по пет пати повисока цена од 3 528 000 денари.
Госпоѓо Шеќеринска, ќе останете неми и овој пат, за, како што стои во кривичната пријава, “сериозните сомневања за сторен криминал, чија правна квалификација се исцрпува во член 353 став 5 и став 1 од Кривичниот законик? И на крајот, на граѓаните уште сте им должна и за одговорите на прашањата:
– Дали е точно дека шефот на изборниот штаб Васко Ковачевски, изнудувал и рекетирал фирми за 250 000 евра како директор на РЕК Битола?
– Дали е точно дека кандидатот за пратеник Горан Козаров, покрај непотизмот со вработувањето на сопругата и кумот, исто така станал сопственик на недвижен имот во Дихово, а истиот не го пријавил во својот анкетен лист; што е негова обврска како именуван функционер?
Прашања има уште, а Вие имате се помалку време да ги одговорите.
Од 15 јули, право и правда мора да има за сите!, додаваат тие.

Коронавирус