недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 78
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола ги повика сите битолчани на историски протестен собир пред владата

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола ги повика сите битолчани на историски протестен собир пред владата

Ве повикувамсите заедно утре на 2-ри Јуни во Скопје пред влада, да излеземе на мирен, но историски важен протестен собир, ова преку денешно соопштение го истакнаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-Ве повикувам сите Вас во чии што вени тече македонштината за да застанеме во одбрана на истата. Ве повикувам заради одбрана на минатото кое што со крв го чуваа нашите предци. Ве повикувам да го одбраниме достоинството на нашата држава за да можеме и ние достоинствено да ја оставиме во аманет на нашите поколенија. Ве повикувам да не останеме неми пред уривањето на нашата света земја што ја разнебитуваат во сите сегменти од нашиот живот и со заеднички сили и многубројност да упатиме силна и јасна порака дека Македонија е таа што сите нас не обединува. Ве повикувам Вас младите заради вашата несигурна иднина и заради вашите изневерени надежи и ветувања. Ве повикувам Вас лекарите и медицинскиот персонал заради лагата за 100 000 денари плата како и заради стопирање на сите капитални проекти во здравството. Ве повикувам Вас професорите и јавната администрација заради најголемата лага што ви ја пласира Зоран Заев пред изборите – петстотини евра плата, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола ги покануваат градежниците заради тоа што кланот Заеви ги запре сите градежни проекти и не дозволи реализација на капиталните градежни инвестиции.

-Ве повикувам Вас мои соседи и драги пријатели затоа што секое семејство заради јавниот долг на државата е задолжено со 10 200 евра. Ве повикувам и Вас земјоделците заради што некој повторно нема слух за вашата мака и намалените субвенции за 11%. Ве повикувам затоа што економијата е во колапс, а државата на колена. Ве повикувам, Затоа што секој живот – вреди. Затоа што секој човек – вреди. Затоа што за Македонија – вреди. Македонија ќе победи и мора да победи!, стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.

Коронавирус