понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Одродената и криминална власт не запира со прекумерното и нерационално задолжување на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Одродената и криминална власт не запира со прекумерното и нерационално задолжување на државата

Одродената и криминална власт не запира со прекумерното и нерационално задолжување на државата. СДСМ вчера ја задолжи Македонија за нови 58 милиони евра. Ова задолжување како и многу претходно се без покритие. Се земаат пари на заем за кои се плаќаат високи камати, а со нив ниту се финансира дефицит, ниту се финансираат капитални инвестиции, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Реализацијата на капитални инвестиции за 3/4 од годината изнесува 1/4 од вкупно планираните. Ова не е очајно, туку од ова поочајно не може да биде. За да го прикријат срамот прават ребаланс пред крај на година, затоа што е видно дека не знаат како да ги реализираат капиталните инвестиции, па да биде срамот помал кратат, како би изгледало дека процентот на реализација е поголем. Однесувањето на СДСМ со економијата се нарекува класичен организиран грабеж или за оние кои се понаивни чист економски аматеризам.“

-Граѓаните се тие кои најмногу страдаат од ваквата крими политика. Идните генерации се тие кои ќе треба да го враќаат јавниот долг кој надмина историски 5 милијарди евра, додека државниот долг надмина 4 милијарди евра. Со вакво темпо и економија во застој прашање на време е кога државата повеќе нема да може да ги сервисира своите долгови. Ваквиот аматеризам со водењето на економијата мора да запре. СДСМ мора да си замине, се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус