сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од Заев и од СДСМ  се бара одговорност!

ВМРО-ДПМНЕ: Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од Заев и од СДСМ  се бара одговорност!

Режимот не може да се освести од приватната журка и се појави во Кочани дури откако цела држава ја увиде нивната целосна неспособност и незаинтересираност. Зоран Заев и СДСМ се целосно одлепени од реалноста кога во вакви моменти се обидуваат да продава флоскули за повисоки плати на пожарникарите, итна поправка на канадерите или набавка на нови ПП возила, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев не разбира дека неспособноста е сега и тука и дека нивните лаги не минуваат. Граѓаните беа оставени сами. Парите и задолжувањата се трошат за непотребни луксузи на власта. Канадерите три години не се сервирани.Противпожарни возила не се набавени, велат од партијата.

Од таму ппорачуваат дека капацитетите за гаснење пожар се руинирани.

-Денеска СДСМ покажа дека се најлошото за Македонија. Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од Заев и од СДСМ  се бара одговорност, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус