недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Од СДСМ обвинија и за ширење на лажни вести, а денес Зекири потврди дека СДСМ е изворот на сите лажни вести во Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Од СДСМ обвинија и за ширење на лажни вести, а денес Зекири потврди дека СДСМ е изворот на сите лажни вести во Република Македонија

На лагата и се кратки нозете, а последната на патолошкиот лажго Заев траеше само еден ден. Потпретседателот СДСМ, Мухамед Зекири вечерва ја потврди крими средбата помеѓу Вице Заев, адвокат близок до Зоран Заев и веќе осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески Кичеец, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Вчера по пресот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски посветен токму на ПИ-мерките на кои е документирана средбата помеѓу Вице Заев и Зоки Кичеец, СДСМ преку партиско соопштение дрско излажа и ја манипулираше македонската јавност обвинувајќи дека без основа било посочено семејството на Зоран Заев. Од СДСМ обвинија и за ширење на лажни вести, а денес Зекири потврди дека СДСМ е изворот на сите лажни вести во Република Македонија и дека таква средба се случила.“

-Целата македонска јавност заслужува одговор на прашањето што разговарал братот на тогашниот премиер со човек кој е веќе осуден за милионски рекет, потенцираат од партијата и додаваат:

„Повеќе од јасно е дека Зоран Заев е главата на октоподот, човекот кај кој заврши торбата Луј Витон и уште многу други такви торби полни милиони украдени пари. Се ближи 12 апри, сите кои што се огрешиле пред законот ќе одговараат, а ќе одговараат и оние кои изминативе три години се ставија во заштита на истиот.“

Коронавирус