Факти кои го одбележаа денот:
- Од понеделник ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен, започнува кампањата ,,Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”. Ќе се посети секое семејство, секој дом. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе ја оствари најголемата победа во историјата.
- СДСМ го спречи покачувањето на пензиите согласно растот на просечната плата на сите вработени во Македонија.
- Поранешниот началник на штипската полиција, Љупчо Трајковски против кого се води судски процес за криумчарење мигранти, унапреден во советник во Бирото за јавна безбедност.
- Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски вети дека ќе им биде заштитник на земјоделците. Трудот и чесната работа на земјоделецот мораат да бидат вреднувани. Земјоделските плодови не смеат да скапуваат по нивите.
- СДСМ продолжува со дилетантскиот, штетен и понижувачки однос кон националните интереси, кршејќи ги процедурите и игнорирајќи го крикот на стручната јавност во однос на предложениот закон за употреба на Македонскиот јазик.
- Освен Курто Дудуш, обвинителството ги штити сите преостанати насилници и заканувачи на СДСМ. Функционерите на СДСМ ја користат партиската книшка како бариера која им овозможува каубојско однесување во населените места без притоа да одговараат пред законот.
- Министерката Нина Ангеловска да и одговори на јавноста зошто државата констатно се задолжува ако таа вели дека буџетот е во добра кондиција? Дали парите кои се позајмуваат се за подмирување на плати за новите 4000 работни места кои се предизборно реализирани?
- Мила Царовска и МТСП, наместо да бидат тука за граѓаните и да ги прилагодуваат мерките согласно нивните потреби, тие продолжуваат со нивната нестручност, импровизација и политиканство.