недела, 11. април 2021. Вести денес: 101
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Од многу удирање во гради дека се демократи Заев остана единствен кандидат за лидер, хибридниот режим создава хибридни диктатори

ВМРО-ДПМНЕ: Од многу удирање во гради дека се демократи Заев остана единствен кандидат за лидер, хибридниот режим создава хибридни диктатори

Во Заевистан и тоа е можно, од многу удирање во гради дека се демократи и дека се демократска партија Заев остана единствен кандидат за лидер на СДСМ велејќи дека ќе нуди нова политика. Каква црна нова политика кога е во политика и на државни функции повеќе од 20 години, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тој и Радмила Шекеринска се единствените остатоци на криминалната транизиција. Хибридниот режим создава хибридни диктатори, а Заев е на добар пат да стане токму тоа. СДСМ е извор на диктатура и криминал наместо напредна левичарска партија. Таа е партија на криминалната олигархија која го угнетува народот и создава нееднакво општество. Заев како секој диктатор сака да се прогласи монарх. Добрата работа е што броени му се деновите во политиката, посочуваат од партијата.

Коронавирус