сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ од Богданци обвинува за криминал во општината

ВМРО-ДПМНЕ од Богданци обвинува за криминал во општината

Почитувани граѓани на Општина Богданци и околните населени места а пред се симпатизери на СДС сакаме во кратки црти да ви го образложиме планот за “живот” на раковотството на СДС со ставање на акцент на алчноста на советници од СДС.

Во однос на претседателот на советот на општина Богданци Драгица Гавочанова, потсетуваме дека ова и веќе трет советнички мандат а притоа е и редовно вработена во СОУ Богданци, според наши сознанија со амбиции на претстојните парламентарни избори да биде дури и дел од пратеничката листа на СДС. Зaклучок јавните функции и хонорари и се навистина “слаба” страна.

Советникот Александар Семпеев член на фамилијата Семенпееви сопственици на Печатница СОФИЈА и долгогодишни соработници и финансиери на СДС како заслуга на својата лојалност доби неколку милиони денари од фондот за иновации кој сите знаеме беше наменет за партиските соработници на СДС.

Советникот Митко Ѓаваталиев преку претходниот состав на советници на СДС доби информација дека нема оператор за погребални услуги и ја презема дејноста која ја вршеше јавното комунално претпријатие, и секако си доби и советнички мандат во новиот состав, убав бизнис.

Советникот Пандорка Ампова по доаѓање на СДС на власт на локално ниво доби вработување во СОУ БОГДАНЦИ Богданци како заслуга за сработеното во кампањата на СДС во Богданци а притоа ја задржа и советничката функција и секако хонорарот.

Ристо Киров од СДС доби вработување на неговата жена во детската градинка во Богданци, Ристо Киров постои сомневање дека како советник има остварено политичко влијание врз неколку јавни установи во општина Богданци за ангажман на деловниот субјект во кој е во редовен работен однос во областа на обезбедување на овие објектите а притоа во тек му е вториот мандат како советник.

Има една многу интересна приказна за советникот на СДС кој имаше амбиции да биде назначен за директор на јавното комунално претпријатие, како компензација на оваа не остварена желба г-ѓа Елена Шутарова од СДС доби поставување на бекатон плочки на тротоарите на нејзиното живеалиште и секако уредување со бекатон плочки на старото живеалиште СТАНЧЕВ сокак каде живеат нејзините родители па сигурно во о.Богданци не постојат други улици или сокаци за бетонирање или бекатон.

Александар Кирик кој беше на листата на советници на СДС но не избори место во советот си доби високо позиционирано работно место во Општина Богданци (иако има квадрирано на УКИМ и има дипломирано на приватен факултет).

Десетиот на листата на советници кој исто така не е дел од Советот на општина Богданци која беше една од најгласните на една од Богданските групи на социјалните мрежи г-ѓа Данче Ивковиќ решиа да и доделат две работни места едното место за нејзиниот син кој е вработен како личен шофер на градночалникот ШАПОВ и исто така за неа си обезбедила место во Фондот за здравство баш заслужено нели.

И останува најмладиот на листата на советници на СДС кој не обезбеди место во советот, момчето Динко Олумчев заработи доста вредна позиција на царина во Гевгелија, изгледа примамливо да се биде на листа за тебе да работи цела сдмм а кога се дели колачот работните места изгледа сепак се наследни.

Драги сограѓани а пред се симпатизери на СДС овие луге повторно ќе дојдат на вашата врата да го бараат вашиот глас, но проценете сами дали заслужуват да го чуете нивниот став, тие истите пред 3 години ви ја нудеа паролата живот за сите во Македонија и живот за сите во Богданци, но ние во овие 3 години видовме единствено живот за овие луге и тесното раковотство на СДС, овие луге пред се обезбедија личен интерес, дел од нив си ги вработија нивните најблиски дури и успејаа да поделат и по некој тендер.

За обичниот народ е направено премалку. Ова ја прелива чашата дури и за најтврдокорните поддржувачи, напишаа на Фејсбук од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Богданци.

 

Коронавирус