понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 281
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно фијаско на оваа влада, 73.742 тестирања во Словенија, а Македонија 24.018

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно фијаско на оваа влада, 73.742 тестирања во Словенија, а Македонија 24.018

Македонија е рекордер во регионот по починати лица од Ковид-19. Овој податок говори само дека Зоран Заев, СДСМ и Филипче наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледаат како да ја спасат политичката кариера, реаграат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 20 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот.

Споредбено, Хрватска во последното деноноќие нема заболени од корона вирус, додека пак Албанија има 8 новозаболени од Ковид-19.

Во Република Македонија  бројката е значително поголема, вкупниот број на заболени кај нас достигна 1.941 лица, а бројот на починати е 113 лица.

Бројките се влошуваат секое деноноќие, а доколку се спореди со држава со приближно ист број на жители како Словенија, Македонија има навистина лоша бројка. Словенија заклучно со 21 мај има извршено 73.742 тестирања, а Македонија за тој период само 24.018.

Според мапата која беше објавена Македонија има највисок индекс по смртност во регионот. Додека ние сме на врвот, СДСМ и Заев се подготвени по секоја цена, и по цена на животот и здравјето на граѓаните да брзаат на избори.

Македонија е во врвот по заболени на еден милион жители. Македонија е на дното по бројот на тестови кои се прават.

Со СДСМ и Заев единствени добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Парламентарни избори 2020