петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 138
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Нов ден, нова лага на Заев, денес за својата неспособност да донесе вакцини ја обвини Србија и производителот Фајзер

ВМРО-ДПМНЕ: Нов ден, нова лага на Заев, денес за својата неспособност да донесе вакцини ја обвини Србија и производителот Фајзер

Зоран Заев продолжува со лагите, реагират од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев.

Наместо да се запраша што прави и да прекине да лаже, Заев продолжува во свој стил на лаги.

Сега за одложувањето на приемот на првата пратка на вакцини, Заев вели Србија и Фајзер се виновни.

Заев едноставно за одложувањето на настанот за примопредавање на вакцините ја обвини Србија и компанијата производител Фајзер.

Босна и Херцеговина денес почна со вакцинирање, си набавија руски вакцини.

Заев ја остави Македонија на дното.

За граѓаните во Македонија нема никакви вакцини.

За негрижата за здравјето на граѓаните која резултира и со губење човечки животи одговорност мора да има, велат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУРО 2020

Македонија