четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 51
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту една лага напишана во соопштенијата на СДСМ не може да го покрие фактот дека власта ги доведе земјоделците до питачки стап

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту една лага напишана во соопштенијата на СДСМ не може да го покрие фактот дека власта ги доведе земјоделците до питачки стап

СДСМ земјоделците ги доведе до питачки стап. Незадоволството меѓу земјоделците од власта е се поочигледно. А, незадоволството не може да се покрие со ниту една лага напишана во соопштенијата на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Земјоделците најдобро на сопствена кожа ги чувствуваат погубните политики на СДСМ и затоа веќе не им веруваат. СДСМ многу добро знае дека субвенциите за земјоделците ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ. Четири години откако СДСМ е на власт и секоја година се соочуваат со протест на тутунарите, лозарите, оризарите, сточарите. Земјоделците очекуваат реална помош која за жал од СДСМ ја нема, истакнуваат во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат:

„Доста е со поделби и разочарувања, доста е од незадоволство и револт.

Време е за Македонија за сите луѓе“!

Локални избори 2021