четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 115
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ние им ги покачивме платите на наставниот кадар за 119%, а СДСМ 4 години не направи ништо

ВМРО-ДПМНЕ: Ние им ги покачивме платите на наставниот кадар за 119%, а СДСМ 4 години не направи ништо

ВМРО-ДПМНЕ им ги покачи платите на наставниот кадар за 119%, а СДСМ 4 години не неправи ништо. 119% беше покачувањето на најниската плата во образованието во време на ВМРО-ДПМНЕ, додека 69% на највисоката, велат од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ им ги зголеми платите на наставниците, а со СДСМ 4 години образованието е во место.

Ветуваа изградба на нови училишта и спортски сали, а ништо од тоа не е случај на терен.

СДСМ само манипулира со наставниот кадар и образовните работници, но лагата не им проаѓа по втор пат.

Образовните работници и наставниот кадар заслужуваат фер третман, услови кои ќе ги мотивираат и ќе ги подобрат во целост предавањата и престојот на нив и на децата во училиштата.

Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе“ – се наведува во соопштението на партијата.

Коронавирус