сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 28
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Неуспешните политики на СДСМ предизвикаа економско цунами во Република Македонија

-Нови проекти од СДСМ нема, додека енормните задолжувања кои ги оствари оваа влада оди на штета на граѓаните. Даноците се повеќе се покачуваат а државата во 2017 година нема остварено раст на БДП. Оваа година во државата има најниско ниво на реализација на капиталните инвестиции а единствено нешто што расте се партиските вработувања на послушниците на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Неуспешните политики на СДСМ предизвикаа економско цунами во Република Македонија

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Министерството за финансии нема ниту еден аргумент за неразумното задолжување и расфрлање со народни пари. Заради тоа СДСМ мора во нивно име да пишува политички памфлети и да го правда тоа што не може да се оправда.

-Дел од парите земени од огромните задолжувања лежат во Народната банка со камата нула, а истите беа земени преку обвзница за која државата плаќа камати. Тоа е класичен грабеж на граѓаните. Неуспешните политики на СДСМ предизвикаа економско цунами во Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Лилјана Кузмановска.

Од опозициската партија велат дека од овие 10 месеци граѓаните единствено што видоа е само уривање или застој на веќе започнатите проекти од ВМРО-ДПМНЕ со што се нанесени дополнителни штети врз македонскиот буџет.

-Нови проекти од СДСМ нема, додека енормните задолжувања кои ги оствари оваа влада оди на штета на граѓаните. Даноците се повеќе се покачуваат а државата во 2017 година нема остварено раст на БДП. Оваа година во државата има најниско ниво на реализација на капиталните инвестиции а единствено нешто што расте се партиските вработувања на послушниците на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оваа неодговорна и неспособна власт мора веднаш да си замине пред да направи поголеми штети.

 

Коронавирус