понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 52
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Заев е подеднакво опасна како корона вирусот и се плаќа со човечки животи

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Заев е подеднакво опасна како корона вирусот и се плаќа со човечки животи

Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со КОВИД19 и последиците кои произлегоа од оваа криза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата. Бројката на заболени е повеќе од  11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што е ова што се случува сега, ниту пак што следи на есен. тешко се снаоѓаат и со кластерите. Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат ниту како да се справат со последиците од корона кризата. За помалку од 30 дена стартува учебната година и се нема план ниту за образованиот процес. Децата и родителите не знаат дали ќе стартува учебната година со физичко присуство и доколку е така како ќе се одвива наставата или пак образовниот процес ќе се одвива онлајн, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Заев и Владата предводена од СДСМ знаат само едно – како да се нанесе штета на граѓаните и државата.

-Заев и Владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само три месеци. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување. Поради лошите политики, ситуацијата оди на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со  кризата. Потребни се јасни и стабилни чекори за да се стабилизира ситуацијата. Потребни се политичари кои ќе знаат како да го справат со тоа, а не политичари кои го лажат и крадат својот народ, велат тие.

Коронавирус