петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособниот Шилегов месец дена не може да ја поправи фонтаната на плоштад

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособниот Шилегов месец дена не може да ја поправи фонтаната на плоштад

Неспособниот Шилегов месец дена не може да ја поправи фонтаната на плоштад, а не пак да направи нешто ново. Имаме среќа што мрзливиот Шилегов наследи среден град со широки улици и булевари, да требаше да чекаме тој да ја проширува Партизанска, Илинденска или Теодосиј Гологанов, уште ќе се возеше по тесни сообраќајници, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека 4 години ништо не изградил, се што прави е премачкување со асфалт на новите булевари кои му ги остави ВМРО-ДПМНЕ.

-Дури и кога ќе се фати да прави нешто, тоа е ливада од 300 квадрати која чини 260.000 евра. Односно со други зборови – “Аман Петре седи, не фаќај ништо кај и да е уште 5 месеци ќе поминат”. Колку е градот запустен говорат улиците кои се полни со ѓубре, дивите депонии кои не ги реши, запуштените паркови кои тој и неговите колеги од СДСМ не ги одржуваат, проблемот со кучуњата и уште десетици проблеми, кои не требаше да бидат проблеми. Мрзливиот Шилегов не сака ни ѓубрето да го собере, а не пак нешто да сработи. Тунелот под Кале, подземните сообраќајници, продолжувањето на Илинденска кон Ѓорче и другите стратешки проекти кои ги вети, останаа само ветувања. Мрзливиот Шилегов ќе остане запаметен само по проблеми и ниту едно решение, се наведува во соопштението.

Коронавирус