петок, 4. декември 2020. Вести денес: 52
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Непродуктивните трошоци да запрат, капиталните инвестиции да продолжат

ВМРО-ДПМНЕ: Непродуктивните трошоци да запрат, капиталните инвестиции да продолжат

Квази мерките на СДСМ оставаат илјадници граѓани без приходи. 33.000 работници во секторот туризам и угостителство, каде спаѓаат : хотели, ресторани, кафеани и кафулиња нема да добијат помош од државата за исплата на плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека наместо со реални мерки, СДСМ ги залажува граѓаните со импровизации. Мерките кои ги предложија стартуваат од април, март е непокриен, а тоа е месецот во кој почна кризата.
Квази мерките на СДСМ се по принципот ,,Колку да се каже нешто”.

-Апелираме да ја надминат својата суета и надменост и да ги прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ за национален спас. Владата под итно да покрие 50% од платите на работниците. Не смее да се земаат пари од оние кои немаат. Власта да ги скрати непродуктивните трошења кај сите буџетски корисници и средствата да се пренасочат за здравството. Реализацијата на капитални инвестиции не смее да запре. Сите планирани инвестиции да се реализираат, со цел да се помогне на индустријата и градежништвото. Потребни се реални мерки и решителни чекори, а не импровизации, стои во партиското соопштение.

Коронавирус