вторник, 17. јули 2018. Вести денес: 24
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Непотизмот и корупцијата станаа заштитен симбол на криминалниот картел на власт

ВМРО-ДПМНЕ: Непотизмот и корупцијата станаа заштитен симбол на криминалниот картел на власт

Непотизмот и корупцијата станаа заштитен симбол на криминалниот картел на власт. Со секој изминат ден се потврдува дека на Заев и врхушката околу него не им е целта подобрување на животот на граѓаните, туку безмилосно богатење, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека станува јасно зошто се менуваат закони со кои се ослободуваат од давачки само фирмите на вицепремиерот Кочо Анѓушев или на истите им се даваат милионски тендери. Вицепремиерот доаѓа на функција со долгови од 26 милиони евра кои мора да ги враќа.

-Со секој изминат ден станува јасно како Заев вози мотори вредни десетици илјади евра кои ги нема никаде во имотниот лист. Не е проблем фирмите на Заеви да купуваат екстра луксузни мотори кога власта им овозможува да купуваат имоти и компании по багателни цени. Станува јасно зошто ги нема колоните на млади кои брзаат да се вратат во Македонија. Работните места во земјава се резервирани за децата на функционерите од владината коалиција. Според СДСМ нема подобар кадар за во ЕЛЕМ од ќерката пратеникот, Талат Џафери и советникот во министерството за култура, Мирослав Грчев. Корупцијата е единствената која расте, додека економијата стагнира. Новите инвеститори бегаат и ја заобиколуваат Македонија која потона на дното на најкорумпирани земји на листата на меѓународната Транспаренси, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека оваа влада направи измени и прилагоди се во насока на криминално дејствување, елиминирајќи ги контролните механизми за таквите постапки. Една од „реформите“ е укинувањето на советот за јавни набавки, за да се штимаат тендери по желба на власта.

-Односот на СДСМ кон институциите и бизнис секторот во Република Македонија, е како во најзаостанатите земји во светот. Патот по кој влада СДСМ ја води државата не води кон подобрување на стандардот и побогата држава. Голема е цената која ја плаќаат граѓаните за СДСМ да си игра власт во Република Македонија. Државата не е игротека, а граѓаните не се играчки на Зоран Заев. Граѓаните имаат потреби, интереси и цели, кои не можат да ги остварат поради оваа ненародна и корумпирана власт. Република Македонија е држава во која има политички затвореници по желба на власта, што е главен индикатор дека нема демократијата. Судот исполнува желби на власта и дејствува како да е партиски орган на Заев, а не посебна власт од извршната и законодавната. Не помина ниту една година, а СДСМ успеа државата да ја клекнат на колена, уништија се што допреа. Правдата во Република Македонија мора да се врати. Затоа СДСМ треба да замине во опозиција каде што и е местото, се наведува во партиското соопштение.