четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 10
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на Власта на СДСМ и ДУИ чини човечки животи, ги остави без терапија пациентите со карцином

ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на Власта на СДСМ и ДУИ чини човечки животи, ги остави без терапија пациентите со карцином

Владата на СДСМ и ДУИ има 100 милиони евра за непродуктивни трошоци, а нема пари за терапија за пециентите со карцином, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Владата на СДСМ и ДУИ ги остави без терапија цел еден месец лицата со колоректален, оваријален и цервикален карцином, терапија која за нив значи живот.

-Министерството за здравство не направило и не прави набавка на оваа терапија, што е огромен скандал и пример за неоговорност. Власта не заборава и не пропушта да објави набавки кај што има провизии, кога се набавува кафе, апетисани, морски плодови, службени возила или други луксузи, а ова набавка не ја прави. Затоа оваа неодговорна власт треба да си замине час поскоро. Нивната неодговорност може да чини човечки животи, се наведува во партиското соопштение.

Коронавирус