среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Нема свидетелства, регистарски таблички и лични документи на граѓаните, зошто воопшто постои владата на Заев?

ВМРО-ДПМНЕ: Нема свидетелства, регистарски таблички и лични документи на граѓаните, зошто воопшто постои владата на Заев?

Со владата на Заев Македонија тоне. Поради нивната неспособност граѓаните не може да ги добијат основните услуги од државата. Граѓаните не може да извадат пасош,лична карта, возачка дозвола, основни лични документи со кои нормално се работи, патува или функционира, не може да извадат регистарски таблички за своите возила или пак учениците да добијат сведотелства кои според сите правила на логиката се издаваат на крајот на учебната година, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека граѓаните и државата се заложници на нивното незнаење, неспособност, неодговорност и криминогени бизниси.

-Лагите дека граѓаните се виновни, не само што не држат вода, туку се потценување на интелегенцијата на народот. Власта на Заев била и е должна да обезбеди секогаш сведителства, регостарски таблички и лични документи, да предвиди и да набави, бидејќи тоа е основна задача и за тоа се платени од парите на граѓаните. Впрочем зошто постои владата на Заев ако не може вакви елементарни работи навремено да решава? Со ова покажуваат дека се целосно неспособни и да имаа грам доблест досега ќе беа поднесени оставки. Но каков Заев, таква влада, за својата неспособност секогаш алиби бараат обвинувајќи ја опозицијата, народот или било кој друг. Недозволиво е граѓаните на Македонија да не можат основни лични документи да вадат и се граѓани од втор ред во споредба со мафијашите, нарко босовите, убијците и терористите кои експресно вадат лажни исправи од македонски институции, се наведува во соопштението на партијата.

Овие 4 години власт на Заев се украдени и изгубени години. Доста е од неспособната, криминална и неодговорна власт на Заев!

Коронавирус