четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од фалсификат попис: Ќе работиме против лажните податоци од пописот

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од фалсификат попис: Ќе работиме против лажните податоци од пописот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за телевизијата Клан Македонија рече дека доколку не се обезбедат терминали за отпечатоци од прсти, нема логика како да се прифатат резултатите од пописот и ВМРО-ДПМНЕ и како партија ќе работат на терен за да ги девалвираат таквите резултати кои нема да бидат статистичка туку политичка операција.

-Ако немаме терминали за попишување кои што потоа би ги искористиле за локалните избори, не гледам логика како можеме тие резултати да ги признаеме, а ќе работиме жестоко на терен да ги девалвираме тие резултати затоа што тоа нема да биде статистичка туку политичка операција. Затоа бараме тргање на двојниот потпис, бараме имплементација на терминали за отчитување на отисок или фингерпринт од прстите и трето што бараме е според препораката на Обединетите нации за ова сме подготвени да разговараме да видиме дали здравствените услови дозволуваат одлагање на пописот за една година како тоа што го направи Ирска и го одложи за 2022 базирано на препораката на ОН, рече Мицкоски.

Тој додаде дека од поединци во Собранието се зборувало дека нема што да се расправа за овој закон и начинот за оддржување на пописот бидејќи се било договорено.

-Знаете што се случи во Парламентот кога се отворила дебата ? Еден поранешен заменик министер и технички министер за внатрешни работи им зборувал на пратениците од владината коалиција дека се е договорено и нема што да се расправате таму. Ова ми го пренесоа пратениците од нашата пратеничка група. Ако е договорено, тогаш да им кажеме што е договорено на граѓаните и да не ги трошиме парите, пак се тоа 8-9 милиони, нека кажат барем што се договориле за да знаеме барем да не ги прошиме парите, додаде Мицкоски.

Коронавирус