недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 50
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече амандманите за Законот за двојазичност

Стојаноска истакна дека и покрај обидите од владејачкото мнозинство да ги оспори амандманите поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, не може, бидејќи тоа е право на секоја пратеничка група која смета дека законот не е добар и не е во интерес на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече амандманите за Законот за двојазичност

Потврдувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече поднесените амандмани. Тоа право ни го дава деловникот на Собранието на Република Македонија, Уставот и непотпишувањето на законот од страна на Претседателот на Република Македонија, рече Дафина Стојаноска член на Извршниот Комите на ВМРО-ДПМНЕ  и пратеник во Собранието на Република Македонија во вечерашното гостување на Македонската телевизија во  емисијата „Акцент“.

Стојаноска истакна дека и покрај обидите од владејачкото мнозинство да ги оспори амандманите поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, не може, бидејќи тоа е право на секоја пратеничка група која смета дека законот не е добар и не е во интерес на граѓаните.

Таа потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, а тоа е дека тие немаат ништо против Албанците, но како што рече, сакаат да се унапредат и другите јазици на заедниците, додека овој закон го фаворизира само албанскиот јазик, а со тоа може да ја продлабочи кризата помеѓу граѓаните. За Стојаноска поголем приоритет се законите кои се од интерес на сите граѓани на Република Македонија, а не законите кои што се носат по скратена постапка и закони кои што се носат без присуство на опозицијата.

Стојаноска уште еднаш ја потенцираше причината за отсуството на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Како што рече таа причината е притворањето на 12 проценти од нивната пратеничка група и кршење на човекови права каде што пратеничката Пешевска била притворена со пратенички имунитет.

-Да беше толку итен притворот ќе се спроведеше многу побрзо, но започна после 7 месеци. Притворот трае 4 месеци, констатираше пратеничката Стојаноска.

Стојаноска ја искористи можноста јавно остро да го осуди нападот на службено лице, жена вработена во МВР, од страна на партиски активист на ДУИ. Според неа,  недозволиво е било каков напад врз жена, а најмалку пак на службено лице кое треба професионално и квалитетно да ја врши својата работа.

Најнови вести

Коронавирус