вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 7
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Негрижата за културното наследство рапидно се шири

ВМРО-ДПМНЕ: Негрижата за културното наследство рапидно се шири

Депоата на Кинотеката на Македонија од трезор на македонската кинематографија пренаменети во простор за дегустација на храна и алкохолни пијалоци. Негрижата за културното наследство рапидно се шири во сите сегменти и дејности од областа на заштитата.

Типичен пример за уништување и пропаѓање на институциите од областа на заштитата на културното наследство е Кинотеката на Македонија, една од ретките институции што поседува климатизирани депоа по меѓународни стандарди за чување на националниот филмски фонд.

Депоата скоро и да не можете да ги препознаете! Депоата во Кинотеката беа изградени и пуштени во употреба согласно сите меѓународни стандарди во 2009 година, а сега за неполни три години по доаѓањето на власт на СДСМ наликуваат на се освен на трезор во кој се чува севкупниот фонд на националното-аудиовизуелно богатство, кој хронолошки опфаќа период подолг од еден век, од првите филмови на браќата Манаки, преку филмовите снимени од странски автори за Македонија во периодот до Втората светска војна и денешната македонска филмска продукција.

Поразителен е фактот дека во депоата на Кинотеката се почесто наместо стручни работи од областа на заштитата на аудиовизуелното наследство се практикува кулинарството и дегустацијата на прехрамбени продукти и алкохолни пијалоци.

Катастрофална е состојбата и во Хавзи-пашините конаци каде се чува странската филмска продукција. Наместо санирање, обнова и ревитализација на објектот, конаците се доведени во состојба на целосно уништување.

Фотографиите кои ги споделуваме говорат доволно за крајно непрофесионалното работење и негрижата за аудиовизуелното културно наследство.

Дали за ваквото разнебитување на единствената институција за заштита на аудиовизелното наследство некој ќе сноси одговорност?

Дали постојат функционални инспекциски служби во Министерството за култура кои вршат надзор на работењето и раководењето на институциите? Прашуваат од комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус