вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Негативно е што СДСМ ќе продолжи да краде и лаже, а позитивно е што им се гледа крајот зашто никој не сака криминалци како Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Негативно е што СДСМ ќе продолжи да краде и лаже, а позитивно е што им се гледа крајот зашто никој не сака криминалци како Заев

Негативно е што СДСМ ќе продолжи да краде и лаже, а позитивно е што им се гледа крајот, зашто никој не сака криминалци како Заев. СДСМ наместо да турка политички попис само за мир во коалицијата, да ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пописот да се спроведе по електронски пат, а потоа да се вкрстат податоци. Пописот мора да ја отслика реалната состојба на населението во Република Македонија, а не да задоволи нечии желби и барања на СДСМ, Заев и ДУИ. Јасно е дека бројките и процентите се однапред договoрени, затоа мора поништување на овој закон за попис кој што го донесоа на шверцерски начин, без прифаќање на еден суштински амандман предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Заев и СДСМ единствено се способни само за крадење и лажење, а не за спроведување на попис по европски стандарди. Наместо, СДСМ да продава празни демагогии да ги разгледа барањата и доколку навистина го сака најдоброто за граѓаните, веднаш да ги прифати барањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, порачаа од партијата.

„Изгубена е довербата на граѓаните во институциите, затоа што владата на СДСМ и Заев наместо во интерес на граѓаните, работат за нивен личен интерес.

Со СДСМ и Заев Македонија и граѓаните тонат, а за тоа најдобар показател е и Извештајот на Транспаренси Интернешнл, кој јасно покажува дека во државата владее криминалот и корупцијата.

За Македонија да оди напред Заев и СДСМ мора веднаш да заминат“ – посочуваат од партијата.

ЕУРО 2020

Македонија