среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 139
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Не може од народот СДСМ да го сокрие фактот дека ја зароби Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не може од народот СДСМ да го сокрие фактот дека ја зароби Република Македонија

Неспособноста на владата на Заев и СДСМ не може ниту еден капитулантски чин да ја сокрие, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не може од народот СДСМ да го сокрие фактот дека ја зароби Република Македонија. Зоран Заев државата ја врати 20 години назад, во мрачните времиња на транзиција. Заев и СДСМ се причината за крах на целата држава. Македонија тоне на секое поле, а членството во ЕУ и НАТО е се по далечно. За најважното прашање од кое зависи македонскиот идентитет, историја, традиција и култура, не беше консултирана опозицијата. СДСМ ја погреба демократијата во Македонија. Единствените кои ја попречуваат европската иднина на граѓаните се Зоран Заев и СДСМ. Досегашното нивно владеење не донесе ништо освен корупција, криминал, неспособност и партизација на институциите и судството, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека колку порано падне оваа капитуланска власт толку подобро за граѓаните на Република Македонија.

Коронавирус