понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 36
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: НАТО им удри дипломатска шлаканица на Шекеринска и Пендаровски, го одби нивниот кандидат за воен претставник во седиштето во Брисел

ВМРО-ДПМНЕ: НАТО им удри дипломатска шлаканица на Шекеринска и Пендаровски, го одби нивниот кандидат за воен претставник во седиштето  во Брисел

Угледот на македонската армија и на Република Македонија го рушат Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски. Македонија 2 и пол години нема воен претставник во седиштето на НАТО, затоа што НАТО го одби кандидатот кој што Шекеринска и Пендаровски го испратија. Тоа е дипломатски скандал од највисок степен, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Самиот факт што пулените на Шекеринска и Пендаровски не ги поминуваат НАТО филтрите говори дека власта го руши угледот на државата. Ова отвора и ново прашање, дали кадарот на Шекеринска и Пендаровски е вратен од страна на НАТО затоа што бил соработник на странска тајна служба од земја која не е стратешки партнер на Македонија? Истакнуваат од опозициската партија.

Залудни се обидите на СДСМ да ги исперат Шекеринска и Пендаровски и вина да бараат во други. НАТО даде потврда на нивната неспособност и аматеризам со дипломатската шлаканица која им ја удри, додаваат од таму.

Коронавирус