вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 166
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Наследникот на Тозија е наивно затскривање на власта на незаконското работење на Агенцијата за филм во спрега со ДФРМ

ВМРО-ДПМНЕ: Наследникот на Тозија е наивно затскривање на власта  на незаконското работење на Агенцијата за филм во спрега со ДФРМ

Скандалозните и небулозни именувања на директори во институциите на културата никако да престанат.
Владата на СДСМ продолжува да ги деградира професионалците во културата, овојпат во филмската дејност. По долгоочекуваниот избор по Конкурс, за директор на Агенцијата за филм е именуван Бојан Лазаревски, личност која доаѓа од банкарскиот сектор! И, тоа не е сè!, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Именувањето на Бојан Лазаревски сигурно не се должи на најдобро понудена програма, туку претставува уште еден невешт обид на оваа власт да ги прикрие криминалите и злоупотребите во филмската дејност од страна на неговиот претходник Тозија, а во чија реализација активно учествуваше токму самиот Лазаревски како член на Управниот одбор, а сето тоа под закрила на Друштвото на филмски работници.

Да се потсетиме дека Антикорупциската комисија отвори неколку предмети за незаконското работење на Агенцијата за филм и ѝ предложи на Владата да го разреши Горјан Тозија. Токму ваквото незаконско работење е резултат на поддршката и незаконските одлуки коишто ги носел Управниот одбор на Агенцијата за филм, чиј член бил сега актуелниот директор Бојан Лазаревски.

И, еве полека но сигурно вистината излегува пред очите на јавноста и се потврдуваат нашите предупредувања дека ниту Горјан Тозија, ниту неговиот наследник Бојан Лазаревски (како тогашен член на УО), ниту највисокото раководство на ДФРМ во ниту еден момент не работеле во интерес на филмската фела и македонската кинематографија, туку само за свои лични интереси.

Институциите на власта на многу наивен и невешт начин се обидуваат да ја залажат јавноста дека неуморно се борат против корупцијата, незаконското работење и злоупотребата на службената положба. Но фактите и реалноста се сосема поинакви!

Освен Антикорупциската комисија, ниту една друга надлежна институција не се произнесе за низата незаконски Одлуки на Управниот одбор на Агенцијата, злоупотребата на службената положба на директорот, судирот на интереси, енормно високите исплати на хонорари на “експерти”, адвокатски услуги и трошењето на буџетските средства преку исплати на синови и внуци на претседателот и генералниот секретар на ДФРМ во последните 4 години. И за обичен лаик кристално јасна е спрегата помеѓу Агенцијата за филм и ДФРМ.

Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ бара Владата и надлежните институции и министерства под итно:
Да ја преиспитаат Одлуката за именување на крајно несоодветен, нестручен и пред се искомпромитиран кадар за директор на Агенцијата за филм;

Детално да ги проучат годишните финанскиски планови и да утврдат дали истите соодветсвуваат со годишните финансиски извештаи на Агенцијата за филм за последните 4 години;

Детално да се анализираат финансиските извештаи и начинот на трошење на буџетски средства во ДФРМ согласно пријавата до Антикорупциска комисија од страна Надзорниот одбор на ДФРМ за судир на интереси кај претседателот
Игор Иванов-Изи и генералниот секретар Томи Салковски;

Да се изврши контрола и ревизија на извештаите од спроведените инспекциски надзори на Министерството култура кои се однесуваат на работењето на Агенцијата за филм и ДФРМ, кои патем секогаш без исклучок ги прави еден ист инспектор;
Да се направи детален увид во финансиската состојба на Агенцијата за филм – состојбата на сопствената сметка како и преземените обврски;

Министерството за спречување на корупција да почне да постапува по укажувањата на Антикорупциската комисија за незаконското работење на Агенцијата за филм и да отвори предмети за случувањата во филмската дејност, начинот на распределба и трошење на буџетските средства како и констатираниот судир на интерес кај лицата Бранко Петровски, Ана Василевска и други надворешни соработници, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија