сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Народот трпи за леб, Заеви со миленик од 3 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Народот трпи за леб, Заеви со миленик од 3 илјади евра

Во ситуација кога во Македонија владее сиромаштија, народот нема за леб, Заеви се сликаат со куче од 3.000 евра и скапа брендирана облека, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Факти кои го одбележаа денот:

1.Во ситуација кога во Македонија владее сиромаштија, народот нема за леб, Заеви се сликаат со куче од 3.000 евра и скапа брендирана облека.

2.Заев смета дека граѓаните ќе ја заборават неговата улога во „Рекет“ и тоа што ги поддржуваше Катица и Боки 13.

3.Продолжува заразата на непотизам – скандалозни вработувања на братучеди и деца на функционери на СДСМ во Штип.

4.РЕК Битола е пред колапс поради недомаќинското, нестручно и непланско работење на СДСМ.

5.Бројот на работници во индустријата во ноември годинава помал во однос на бројот на работници во ноември 2018 година.

6.Пад на индустриското производство споредено со ноември минатата година.

7.Димитров носи Закон за надворешни со кои тивко ја убива дипломатијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ овие факти го одбележаа денешниот ден.

Коронавирус