вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо редовно вакцинирање, главни се врските во вакцинирањето, повторно има недостаток на вакцини

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо редовно вакцинирање, главни се врските во вакцинирањето, повторно има недостаток на вакцини
МИА

Наместо редовно вакцинирање главни се врските во вакцинирањето, повторно има недостаток на вакцини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче вели дека вакцинацијата тече според планот.

За Венко Филипче има и масовна вакцинација.

Но, реалноста е друга.

Вакцини нема, има ревакцинација.

Може да се најде и по некоја вакцина, ама само ако фатите врски.

Замислете, Филипче направи да се фаќаат врски за да се прими вакцина.

Филипче ги излажа граѓаните, не им објасни дека треба еднаш да се пријават за вакцина на електронскиот систем, бидејќи доколку се пријават повеќе пати или ако се пријавиле во мај прашање е дали ќе дојдат на ред во септември.

И наместо стивнувањето на корона вирусот да се искористи за подготовка или да се спречи или барем да има евентуално поблаг четврти бран на корона на есен, Филипче не прави ништо.

А, ова може да го постигне многу едноставно, да набави вакцини, граѓаните да стекнат имунитет до есен.

Ама набавка на вакцини нема, вакцинација нема, има ревакцинација.

Филипче заборави на провизиите, набави вакцини и заштити ги граѓаните, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус