вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 145
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо европско општество, Владата гради апартхејд

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо европско општество, Владата гради апартхејд

Едно општество за сите не се гради со етничка исклучивост. Мерката на владата на Заев не само што е деградирачка туку е и дискриминаторка кон останатите граѓани. Наместо европско општество, Заев гради апартхејд, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Субвенционирањето на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо. Компаниите не треба да се делат по тоа кого вработуваат.

Наместо политика на апартхејд, Владата нека почне да води европски политики. Нека ги тргнат главите од тендери и криминални пари, и нека гледаат да сработат барем нешто за граѓаните на Македонија“, велат од партијата.

 

 

Коронавирус