вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 201
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Најжестоко го осудуваме нападот врз новинарот Љупчо Златев, институциите да го расчистат случајот

ВМРО-ДПМНЕ: Најжестоко го осудуваме нападот врз новинарот Љупчо Златев, институциите да го расчистат случајот

Најжестоко го осудуваме нападот врз новинарот Љупчо Златев, кој е последица на неговата новинарска работа и пишан збор. Физичкиот напад врз новинар е брутално газење на демократија и слободата во земјата, кој е последица на криминално политичко подземје, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бараме институциите во најбрз можен рок да го расчистат случајот и да ги казнат сторителите. Слободата на изразување е уставно загарантирано начело и не смее да биде загрозено од никого. Власта е должна да спроведе ефикасно владеење на правото. Насилството врз новинарите не смее да остане неказнето, зошто така станува пракса, стои во соопштението од партијата.

Коронавирус