сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемиот буџет кој владејачкото мнозинство го изгласа ќе значи дополнителен удар на и така крахираната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемиот буџет кој владејачкото мнозинство го изгласа ќе значи дополнителен удар на и така крахираната економија

СДСМ се обидува на секој можен начин да ја манипулира и дефокусира јавноста од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Најголемиот буџет кој владејачкото мнозинство го изгласа ќе значи дополнителен удар на и така крахираната економија. Патем мнозинството немаше воопшто слух да прифати конструктивни амандмани на буџетот кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи со кои се предвидуваше подобрување на инфраструктурата, економијата, стандардот на граѓаните, стипендиите за студентите, студентски град, унапредување на животот во руралните средини, повраток на 15% од платениот ДДВ и слични. На сметка на тоа колку да замачкаат очи на јавноста прифатија 7 амандмани кои речиси и да не чинат многу, а со кои се обезбедуваат прочистувачи на воздух во предавалните на државните универзитети, основните и средните училишта и градинките кои оваа неодговорна власт ги пропуштила во предлог буџетот, стои во ракцијата и се додава:

„Впрочем тие и денес се подеднакво неодговорни кон народот како што беа неодговорни и кога беа опозиција кога со филибастеринг, бескрајни дебати и опструкции го попречуваа донесувањето на буџетите со цел економијата да ја фрлат на колена, да оневозможат донесување на буџет и со тоа доведување во прашање на нормалните економски текови во Македонија. Неодговорни беа, неодговорни останаа“.

Коронавирус