сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 95
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Најголем дострел за Шилегов е промоција на автобуска, садење на зумбули и потпишување на меморандуми

ВМРО-ДПМНЕ: Најголем дострел за Шилегов е промоција на автобуска, садење на зумбули и потпишување на меморандуми

Петре Шилегов наместо градоначалник кој работи суштински проекти за граѓаните, станува градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка, садење на зумбули и љубичици и потпишување на меморандуми за соработка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но зад потпишувањето на меморандумите за соработка за времено користење на автубус на гас и на електричен погон со компании се отвора сомнеж дека станува збор за можна коруптивна зделка, и директно однапред преудицирање доколку во понатамошна постапка има тендерски процес кој ќе биде добитникот на милионскиот тендер. Како Шилегов потпишува меморандуми за пробно возење кога незнае дали посочените компании ќе победат на евентуален тендер за нови автобуси на гас и електричен погон, или пак доколку е сигурен дека ќе победат дали можеби станува збор за однапред договорена милионска зделка? Можеби пак целокупниот процес на потпишување на меморандуми преставува само залажување на јавноста дека би можело да се набават автобуси. Што се однесува за субвенциите за велосипеди, Шилегов оваа година ги намали и субвенциите за велосипедите и од минатогодишните 4.000 денари за велосипед, оваа година предвиде 3.000 денари за велосипед. На крај добро би било Шилегов да објасни и за еден негов личен скандал. Како возилото марка Ауди кое било оштетено МВР тврди дека е негово, а градоначалникот го нема пријавено во анкетниот лист? Кој лаже МВР или градоначалникот Шилегов, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус