четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 50
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ најавува кримилна афера за Шилегов и директор на ЈП под Град Скопје?

ВМРО-ДПМНЕ најавува кримилна афера за Шилегов и директор на ЈП под Град Скопје?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ денешниот прес го заврши со загадочен повик кон институциите за нивна внимателност во следните денови, најавувајќи информации според коишто, како посочи:

„…Ќе стане јасно како Петре Шилегов иако нема покритие со своите официјални приходи, се стекнува со толку големо богатство и луксузен недвижен имот“, нагласи Стоилковски.

Според извори од партијата, станува збор за огромен криминал, поткрепен со бројни докази којшто ќе биде објавен утре, а во кој што се вмешани Петре Шилегов како и директор на едно јавно претпријатие под Град Скопје.

Иако партијата повика на внимателност на институциите, велат нема да остават на случајност, туку дека сето ќе заврши со поднесување на кривична пријава за сомневање за криминал.

За сега не се открива за кој директор или за кое градско претпријатие станува збор.

Локални избори 2021