четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 155
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев, Макрадули и Шилегов поубаво им е да спијат и играат игри отколку да превземат нешто

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев, Макрадули и Шилегов поубаво им е да спијат и играат игри отколку да превземат нешто

Време е СДСМ да престане со лаги, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на СДСМ да превземаше мерки против загаденоста на воздухот немаше Македонија да биде една од најзагадените земји во светот. Скопје со денови е најзагаден град во Европа, а меѓу десетте најзагадени во светот. Проблем со загадениот воздух имаат и Битола, Струмица, Кочани, Куманово и други градови, но власта ништо не презема. Ако СДСМ се грижеше за граѓаните нивото на загаденост на воздухот немаше да е од пет до десет пати над дозволеното. На Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов поубаво им е да спијат или пак да играат игри отколку да преземат нешто за доброто на граѓаните. Оваа власт на дело докажа дека нема ниту капацитет, ниту волја да го реши овој проблем, затоа народот ќе ги казни и ќе стават крај на овие црнила, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Коронавирус