среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев и СДСМ им е побитен бизнисот отколку здравјето на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев и СДСМ им е побитен бизнисот отколку здравјето на граѓаните

Вистината за скандалот за третирање на медицински отпад излезе на виделина. Фирмата која СДСМ се обидуваше да ја поврзува со ВМРО-ДПМНЕ, добивала огромни тендери токму од власта на Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-По којзнае кој пат се докажа дека на Заев и СДСМ им е побитен бизнисот отколку здравјето на граѓаните. Функционерите на СДСМ треба да сносат морална и кривична одговорност за загрозеното здравје на граѓаните и загадената животна средина. Фирмата „Еко Клуб“ од Битола само во последната година има склучено над 60-тина договори од тендери во вредност од над 130 милиони денари, меѓу кои само тендерот на ЈП за државни патишта изнесува околу 60 милиони денари. Тендери оваа фирма добивала и од министерството на Шекеринска и од други државни институции, воглавно од министерството на Венко Филипче. Залудни се дефокусирањата и манипулациите на јавноста од страна на СДСМ и Владата. Здравјето на граѓаните за оваа власт е трговија и заштита на бизнис интересите. Заради тоа мора да има одговорност и ќе има на 12-ти април. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе, порачуваат во партиското соопштение.