четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 82
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ на терен, Мицкоски со порака: Државата на чело со СДСМ нема цел кон која се движи- нема ЕУ, зошто има криминал и сиромаштија

ВМРО-ДПМНЕ на терен, Мицкоски со порака: Државата на чело со СДСМ нема цел кон која се движи- нема ЕУ, зошто има криминал и сиромаштија

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ во понеделникот на 27 септември од Охрид ја започнаа изборната кампања за претстојните локални избори.

Вчера партијата имаше митинзи во општините Петровец, Илинден, Зелениково и Ѓорче Петров, а денеска ќе одржат митинзи во Дојран, Валандово, Богданци, Гевгелија.

На вчерашните митинзи, покрај кандидатите за градоначалници на општините, свое обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Дури ни 2030-та година не е годината кога Македонија и Западен Балкан ќе бидат дел од Европската Унија, рече Мицкоски на вчерашниот митинг во општина Ѓорче Петров.

Мицкоски нагласи дека нема Европска Унија со СДСМ, бидејќи се длабоко навлезени во криминал и корупција.

-Ако се сеќавате пред три години како СДСМ не убедуваше дека Европската Унија е загарантирана, дека датум сме добиле, дека онаа слика со плаците во авиончето од Заев, Османи и Анѓушев. Не само што со СДСМ нема датум, туку и Македонија ја втурнаа во нова криза во европските интеграции што поради нивниот криминал и заразната корупција ЕУ стана далечна цел. А се сеќавате, ни викаше излезете за Европска Македонија – и ќе имаме бесплатно здравство. Имаше билборди на кои ни порачуваше дека ќе обезбедил бесплатни студии во Европа, 250 илјади евра помош секој ден, 18 милиони евра за реформи во судството и што уште не. А каква е реалноста? Денеска да може и воздухот што го дишеме да ни го наплати, вели Мицкоски и додаде: Уште пострашно е што државата на чело со СДСМ нема цел кон која се движи. Со СДСМ нема Европска унија, зошто има криминал, сиромаштија и нема систем. Не може да сме најкорумпирана земја во Европа, а да сме дел од ЕУ.

Локални избори 2021