недела, 9. мај 2021. Вести денес: 83
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: На лагите им нема крај, нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и масовна вакцинација

ВМРО-ДПМНЕ: На лагите им нема крај, нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и масовна вакцинација

Нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и масовна вакцинација, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче покажа дека не може да обезбеди на време вакцини, а не вакцинацијата да биде континуирана, уште помалку масовна.

Фактот е еден – вакцинацијата во Македонија доцнеше! Додека сите стартуваа со вакцини во декември, Македонија почна да вакцинира со донацијата од Србија во втората половина на февруари.

Во меѓувреме, нема ни доволно реагенси, нема ни тестови за корона.

За Филипче мерките дале резултатите и тој повторно се враќа на својата омилена, ама сосема погрешна констатација „ситуацијата е под контрола“.

Ако беше под контрола во период од јануари до сега ќе имаше 1.700 почонати? Не, ако набавеше вакцини и почнеше на време со вакцинацијата ќе имаше граѓани кои ќе стекнеа имунитет и бројката на новозаболени и на починати ќе беше далеку помала.

По сето ова Филипче треба да замине од функцијата, а секако и да одговара!, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус