понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 186
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: На чело на локалните главешини е главниот криминалец Заев

ВМРО-ДПМНЕ: На чело на локалните главешини е главниот криминалец Заев

Локалните шерифи се производ на толеранцијата на главешините кои ги создаваат. На чело на таквите главешини е главниот криминалец Заев. Наместо да глуми „Мајка Тереза“ нека се соочи со правдата. Политички невкусно е секогаш кога ќе биде фатен во тесно да се правда со членови од своето семејство. Заев беше тој кој што се колнеше во жицата и во најмилото во услови кога го менуваше името, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Што се однесува до рекетот наспроти измислените трауми на Заев, народот има огромна траума и прашање: каде завршија парите од рекетот? Осудениот Бојан Јовановски вели дека тие треба да се бараат кај Зоран и Вице Заев, но правдата која што сега Заев ја спомнува небаре ја има, беше слепа да одговори дали токму кај него заврши  Луј Витон чантата со еден и пол милион евра уредно спакувани. За повредените чувства на македонскиот народ цената не е мерлива, кога Заев глуми жртва и онака никој не му верува, а за локалното „шерифување“градоначалниците на Заев најубаво го следат неговото криминално однесување.  Заев е пример за криминалот, рекетот и константното паталошко лажење во глумењето жртва кое македонските граѓани го препознаваат. Додека е Заев на чело на државата и додека Заев спроведува правда во државава слобода нема, порачуваат од партија.

Најнови вести

Коронавирус