четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: МВР под Спасовски се претвори во заштитник на криминалот, граѓаните се исплашени

ВМРО-ДПМНЕ: МВР под Спасовски се претвори во заштитник на криминалот, граѓаните се исплашени

Криминалната власт на чело со Зоран Заев вчера застана зад криминалот на Спасовски. СДСМ не ја поддржа интерпелацијата на Спасовски и со тоа ги одобри нерасчистените убиства, грабежите и запалените автомобили, кои станаа редовна појава низ улиците на Скопје и градовите ширум државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Спасовски уште од самото назначување го започна својот мандат криминално. Потроши 1 милион евра Чешка донација за договор во четири очи за набавка на 40 возила Шкода Октавиа, прозван беше и од граѓаните и од медиумите, но одговорност никој не понесе. МВР под Спасовски се претвори во заштитник на криминалот. Откако е Спасовски на чело на МВР има 9 нерасчистени убиства за кои јавноста е информирана, а грабежите и разбојништвата станаа пракса. Граѓаните се исплашени да излезат навечер. Скопје е претворено во Бејрут, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека се палат авотмобили на секој чекор, а власта не презема ништо.

-Спасовски го искористи МВР и за делење на лиценци за милионскиот бизнис со возачки испитни центри, со што бизнисите ги добија фирми формирани непосредно пред да се распише огласот. МВР по раководство на Спасовски е  повеќе на штета отколку во корист на граѓаните. Спасовски и СДСМ мора да си заминат. Со секој поминат ден со СДСМ на власт Република Македонија е се понебезбедна држава. Потребно е СДСМ да си замине, тоа е можно само на предвремени парламентарни избори кои ќе се распишат со победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус