петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 41
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Мостот кој ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба беше дел од програмата на Коце Трајановски

ВМРО-ДПМНЕ: Мостот кој ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба беше дел од програмата на Коце Трајановски

СДСМ се обидува проектот кој што беше содржан во програмата на Коце Трајановски на последните локални избори да го прикаже како свој. Мостот кој ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, низ населбата Керамидница не беше споменат во програмата на Шилегов, туку беше дел од програмата на Трајановски. Ова е уште еден показател дека СДСМ нема ниту визија, ниту способност да реализира свој проект.

Петре Шилегов освен што наследи конкретни планови, проектни документации, тој наследи и полна каса од над 20 милиони евра во буџетот на Град Скопје, но за жал освен празни зборови нема никакви конкретни активности, а уште помалку отпочнување на реализација на ветувањата кои тој ги даваше, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус