среда, 18. септември 2019. Вести денес: 33
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Местото на Заев, Богоевски и другите криминалци не е во политиката туку во затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Местото на Заев, Богоевски и другите криминалци не е во политиката туку во затвор

Измамникот Зоран Заев сака да ги убеди граѓаните дека портирите во СДСМ се виновни затоа што Македонија тоне во корупција, а секој четврти Македонец живее под прагот на сиромаштија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Измамникот Зоран Заев ја убедуваше јавноста дека администрацијата била крива што нема датум за преговори со ЕУ. Останува уште да најде виновник кој без негова волја ги доделил сите тендери во здравство или за сите концесии и ниви со марихуана на неговите блиски. Ова е срамно однесување на човек кој е три пати аболиран за тежок криминал. Зоран Заев лично е виновен за се што и се случува на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека Зоран Заев нема да се сокрие позади оставката на неговиот слуга Павле Богоевски.

-Оставката на Павле Богоевски нема да ги залаже граѓаните дека тој како и неговиот ментор се најголеми криминалци и треба да поднесат одговорност пред граѓаните. Местото на Зоран Заев, Павле Богоевски и другите криминалци не е во политиката туку во затвор.  Зоран Заев кога ќе си замине од власт и политичката сцена, тогаш ќе дојде живот во Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.